Ејми Капс (34) е една од најозлогласените наставнички во светот. Таа изгледа многу привлечна и била многу заинтересирана за нејзините ученици, на начин кој не е адекватен.
Имала многу афери. Сето тоа резултирало со нејзин развод, наводно поради изневерувањето на нејзиниот сопруг.
Откако таа го исфрли, тој толку се налути што на сите им соопшти дека долги години е на „страници за возрасни“ и дека тоа е нејзиниот главен извор на приходи.
Тогаш беше отпуштена, и уследи вистински хаос во нејзиниот живот.
На крајот на 2021 година, таа излегла со пријателите во клуб, каде забележала дека помлад маж цело време гледа во неа. Како што тврди таа, не сфатила дека тоа е нејзиниот поранешен ученик, на кој му предавала во 2016 година. Заедно отидоа дома, ја поминаа ноќта, а кога утрото и се обрати со „Мис Капс“, таа претпостави дека станува збор за една од учениците од нејзиното поранешно училиште. Лани тој имал 22 години, а таа 33, па според неа тоа и не бил толку голем проблем, освен што не сакала ништо друго освен случајно запознавање.
- Лудо е што ќе имам бебе со поранешен ученик, но истото може да се случи во секоја професија. Можеби ќе добијам многу непријатни коментари ако го споделам ова со светот, но јас сум добра личност и ќе бидам одлична мајка за ова дете. Сепак, бев шокирана. Да бидам јасна, немав поим дека тој е мој поранешен ученик и да знаев, немаше да одам дома со него. Кога тестот за бременост се врати позитивен, останав без зборови. Јас сум побожен католик, па абортусот не ми беше опција, иако го поддржувам правото на другите жени да прават што сакаат – изјавила Капсова минатата година, а пренесува Сан.
Ејми одлучила сама да го роди и одгледа бебето и изјавува дека не сака ништо од тој млад човек.
- Му реков дека не мора да се грижи бидејќи сум финансиски стабилна и не сакам врска со него. Сама ќе се грижам за бебето и двајцата бевме задоволни што секој ќе си оди по својот пат. Неговото семејство нема поим, инаку би останале запрепастени. Тој, доколку е подготвен да се грижи за дете во иднина, е добредојден да го запознае своето бебе. Има многу добри години пред него во кои ќе ужива. И јас уживав во моите дваесетти – истакна таа.