Ефтин трик!
Верувале или не, обичната четка за чешлање на коса може да биде моќно оружје во борбата против целулитот.
Четкањето на нозете и задникот „на суво“ ги отстранува мртвите клетки, ја стимулира циркулацијата и ја обновува лимфната дренажа. Важно е само да имате четка со природни влакна, бидејќи синтетичките влакна можат да ја оштетат чувствителната кожа.
Направете го тоа наутро, пред туширање, со почеток на четкање од глуждовите, со долги и нежни потези, во насока кон срцето. Потоа преминете на бутовите и задникот, но не ја притискајте кожата премногу силно.
По четкањето, истуширајте се, а потоа нанесете негувачки крем на вашето тело. Резултатите ќе ги забележите по неколку недели.