Луѓето во индонезиската провинција Џамби беа сведоци на еден необичен феномен на нивното небо. Поради густата магла и чад од големите шумски пожари кој се искачиле до повисоките нивоа на атмосферата, небото над Индонезија станало темно црвено, пренесува „Стреит тајмс“.
Надлежните објаснуваат дека феноменот не е предизвикан поради брзото зголемување на температурите, туку поради движењето на маглата. Густината на микро и нано честичките во воздухот и атмосферата биле доволно големи за да ја направат содржината на издувни гасови многу поголема од оние во „нормалната“ атмосфера.
Слични сцени во Индонезија се забележани по ерупцијата на вулканот Каракатау во 1883 година и по ерупцијата на вулканот Пинатубо во 1991 година.
Видете како изгледаше небото над провинцијата Џамби: