Необични празници кои може да ги одбележите во октомври

Најпознатиот празник во октомври за поголемиот дел од земјината топка е Ноќта на вештерките, кој се одбележува на последниот ден од месецот. Тој станува толку популарен што се слави дури и во нашите региони. Но, во октомври се одбележуваат и други необични празници, како светскиот ден на музиката и на вегетаријанците, кој го прославивме завчера (1 октомври).
Необични празници кои може да ги одбележите во октомври
5 октомври – На овој ден, честитајте му/ѝ на својот учител/ка бидејќи ова е светскиот ден на наставниците.


10 октомври – Жените особено имаат причина за прослава на овој датум. Во САД, тој се одбележува како национален ден на чантите.
12 октомври – Ова е светскиот ден посветен на врескањето. За да се одбележи, луѓе ширум целиот свет се поканети да врескаат цели 30 секунди точно напладне според средното време на Гринич (односно во 14:00 часот според нашата временска зона).
15 октомври – Ова е американскиот ден посветен на соочување со стравовите. Звучи како ден за подготовка за Ноќта на вештерките, зарем не?
16 октомври – За светскиот ден на храната, згответе нешто вкусно и изедете го со најблиските.
26 октомври – Ова е датум кој во САД се одбележува како денот на мулето.
29 октомври – На овој ден во целиот свет се празнува денот на Интернетот. Во САД, пак, датумот се одбележува и како ден на мачките.
31 октомври – Ова е денот кога се слави Ноќта на вештерките, но американските магионичари го одбележуваат и како свој празник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.