Необични ритуали: Повеќе пари со помош на ловоров лист

Најверојатно ставате ловоров како зачин во многу од вашите омилени јадења, но дали знаете дека ловоровиот лист во некои медитерански региони се користи за позитивно расположение и за привлекување богатство? Во продолжение прочитајте некои ритуали за привлекување повеќе пари.
Необични ритуали: Повеќе пари со помош на ловоров лист
1. Ловоров лист во вашиот паричник за финансиски успешна година
Напишете ги вашите желби на ловоров лист и чувајте го во вашиот паричник во текот на првиот месец од годината.
2. Ловоров лист во вашиот паричник во текот на целата година
Постојат и луѓе што едноставно ставаат ловоров лист (без да напишат нешто на него) во својот паричник и кога ќе се исуши го заменуваат со свеж верувајќи дека листот може да привлече повеќе пари.


3. Ловоров лист за покачување на платата
Ако сте во потрага по нова работа или сакате да добиете покачување, треба да ставите ловоров лист во вашата чанта или актовка или на вашето биро.
Некои луѓе веруваат дека ова ги зголемува шансите за постигнување на посакуваните резултати.
4. Ловоров лист на невообичаени места за привлекување пари и за просперитет
Ловоровиот лист можете да го ставите и на друго место – во вашата куќа, во канцеларијата или на место каде што личноста што сака просперитет поминува најмногу време.
Се верува дека ловоровиот лист може да има корисен ефект врз финансискиот аспект на животот на секое од овие места, но најчесто се става во паричникот што го носите со себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.