НЕОБИЧНО ВИДЕО ОД ПОГРЕБ ВО РОМАНИЈА: Мечка истрчала меѓу ожалостените, луѓето почнале да врескаат од страв

Мечка упаднала на погреб во романскиот град Бордосиу и предизвикала невидена паника меѓу седумдесетмината ожалостени кои дојдоа да го пропратат починатиот!Романската телевизија Антена 3 јавува дека мечката излегла од шумата и застанала на патот на погребната поворка која се движела кон гробиштата, но преплашена од крикот на луѓето веднаш се вратила во шумата.

– Да бевме помалку, мечката ќе не нападнеше, но се исплаши и побегна! Истрчала кон ридот по што се свртела и погледнала неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фатила паника и почнале да врескаат, но и мечката била многу вознемирена – рекол еден од присутните на погребот.По инцидентот, погребот продолжил.Мештаните, иако опасноста помина, се плашат од нова средба со мечка бидејќи гробиштата се опколени со шума. Медиумите пренесуваат дека мештаните од страв од мечки избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски.

Пронајдете не на следниве мрежи: