Неодолива кремпита – Стар рецепт кој секогаш е добредојден!

Наш предлог за уживање во некој вкусен десерт овој викенд е кремпита. Вкусна и слатка, ќе ги задоволи сите ваши потреби за благо.
Потребни ви се:
2 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно (рамни лажици)
1 лажица маслиново масло
Крем:
Готов крем за кремпити
800 мл млеко
За украсување:
2 кесички шлаг
Подготовка:
Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, додадете брашно и масло и изедначете ги. Истурете ги во плех 30х20 см. Печете на 200 степени Целзиусови, околу 15-20 минути.
Во меѓувреме, истурете ја смесата со кремот во длабок сад и изматете со миксер, додадете го млекото и промешајте според упатството.
Испечената торта прелијте ја со кремот и израмнете. Изматете го шлагот и украсете ја.
Кремпитата е готова за неколку минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.