Четворица маскирани напаѓачи со фантомки, во црни униформи со автоматски пушки кои се претставиле како полиција која врши рација, влегле во Шиша Бар по што се упатиле кон една од канцелариите во локалот а откако влегле во просторијата отвориле оган кон починатите лица, велат последните информации од терен во врска со пукањето кое околу 20 часот и 30 минути се случи во строгиот центар на Скопје.
Во нападот неофицијално се починати три лица, а напаѓачите пристигнале на местоот на настанот со Ауди А6 кое според нашите информации е пронајдено запалено во скопско Визбегово.