Неофицијално: Нови 165 случаи на коронавирус во Македонија

Според неофицијални податоци од Центарот за јавно здравје, денеска во Македонија има регистрирано 165 случаи на коронавирус, од кои 76 се во Скопје.
Во земјава се активни 2.735 случаи на заболени со Ковид-19, од кои најголем број се во Скопје, односно 1.593.
Во главниот град заклучно со завчера најмногу активни случаи има во Чаир – 352, а по околу 100 случаи има во уште шест скопски општини: Аеродром – 127, Бутел – 117, Гази Баба – 128, Центар – 123, Карпош – 108, Сарај – 109. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 4.820 заразени, а починаа 222 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.