Неофицијално: Уапсен е Васко Ковачевски, поранешниот директор на РЕК Битола!

Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, неофицијално дознава Фокус.

Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.