Неписменоста е помалку привлечна од лошиот секс

Добар секс или добар правопис – што ви е поважно при изборот на партнер?
Доколку може да му се верува на најновото истражување на страницата “Plenty of Fish”, лошата граматика и правописот за многумина се доволна причина за негативна оценка за потенцијалниот партнер.
Истражувањето било спроведено на 2 илјади лица, а дури 58 отсто од нив изјавиле дека лошиот секс им е помалку проблематичен од лошиот правопис.
Ова не е прв пат некоја страница за онлајн состаноци да ја спомене неписменоста како голем проблем – едно истражување од 2015 година кое го спровела страницата “Match.com” покажало дека правописот и граматиката кај потенцијалниот партнер е поважна од, на пример убавите заби или здравата доза на самодоверба.
Убаво е да се чуе дека во денешно време, кога се чини дека доброто селфи е нешто што им е најважно на луѓето, граматиката и правописот сè уште се помеѓу важните фактори при изборот на партнер.
Секако, под услов испитаниците да не лажат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.