Фолк пејачката Сека Алексиќ денес ужива во огромно богатство и може све да си дозволи, но не отсекогаш живеела во такви услои.
Сека никогаш не крие дека пораснала во сиромаштија. Таа е горда на своето минато, а токму тие тешки периоди ја направиле да биде психички посилна и подготвена да се избори со своите животни предизвици.
Алексиќ во едно интервју откри низ што поминале таа, нејзиниот брат и нејзината мајка кога поради војната побегнале од Босна и Херцеговина.
„Многу млада почнав да настапувам за да и помогнам на мојата мајка да се извлечеме од тешкиот период по војната. Таа и брат ми секогаш одеа со мене на настапите, а јас имав среќа што музичарите се грижеа за мене“ вели Сека и истакна дека имало периоди кога останувала без пари.
„Не ми беше срам што некогаш немав ни за ужинка, екскурзија, со тоа научив да се изборам и денес сум силна.Со години живеевме во соба од училиште. Така да не ми е непознато чувството кога немаш пари, а тоа чувство не го ни изгубив и денес кога имам многу повеќе. Бев среќна и тогаш, а и сега, тоа не е состојба на мојот паричник, туку на мојот дух“ вели фолк ѕвездата.
За потсетување, Сека е во брак со Вељко со кого го има синот Јаков.