Магдалена Несторовска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи и висок партиски функционер на владејачката СДСМ си го вработила нејзиниот сопруг Љубислав Несторовски во ЕЛЕМ, дознаваме од извори во МВР. Несторовски на новото работно место дошол во пакет со синот на архитектот Мирослав Грчев и ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери. Оттаму пак велат дека е скандалозно и тоа што Љубислав Несторовски има 63 години и е на една година пред пензија. Сопругата на Несторовски практично ја има највисоката администра функција во МВР, државен секретар, па оттаму се поставува прашањето дали и во овој случај се работи за непотизам. Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов. Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта. Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, потврдуваат анонимни извори од Агенцијата за вработување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.