Неправилно ги миете рацете: Променете ја навиката која ви го ризикува здравјето

Најново истражување во САД покажало дека 97 отсто од луѓето неправилно ги мијат рацете и тоа претставува проблем, кој може да предизвика ширење на бактериите на предмети, а потоа и на други лица.
Според американското Министерство за земјоделство, кое го спроведе ова истражување, луѓето не ги исполнуваат потребните услови за правилно миење на рацете.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести наведува дека основен услов за рацете да ви бидат доволно чисти е најмалку 20 секунди да се мијат со сапун.
Со истражувањето биле опфатени 363 лица, кои биле тестирани во шест одделни простории, при што било откриено дека речиси сите не го исполниле основниот услов за миење раце.
Освен тоа е утврдено дека голем број од нив не ги избришале воопшто рацете, а многумина тоа го направиле делумно.


Експертите потенцираат дека лошо измиените и исушени раце се многу ефикасен начин за ширење на бактериите врз предмети.
– Не можете да ги видите, ниту да ги почувствувате, но тоа не значи дека бактериите не се тука. Со правилно миење на рацете можете да го заштитите вашето семејство и да ги спречите бактериите да ја загадат вашата кујна и храна, наведуваат експертите.
Со ова истражување било откриено дека многу често заради неправилно измиени раце, бактерии можат да се најдат на рачките од фрижидерите, но и на малите кујнски предмети, како соларници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.