Непријатно искуство на еден скопјанец: Чувајте ги уплатниците од платените казни, УЈП може повторно да ви побара пари

Чувајте ги сметките и уплатниците од платените казни, УЈП може одново да ви побара пари, пишува Пресинг.
На скопјанец кој лани си платил казна за судска пресуда од околу 300 евра, УЈП повторно му ги побрува парите и бара да се блокира неговата сметка. До фирмата каде лицето работи од Управата за јавни приходи пристигнало решение за присилна наплата од парични побарувања.


Во образложението кое стигнало до фирмата во која работи стои дека според податоците со кои располага УЈП, заради решение/пресуда, бидејќи утврдените обврски не се платени доброволно, се пристапува кон присилна наплата. Решението е извршно на 30. март годинава

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.