Несакани ефекти од кето диетата: Една од најпознатите во светот, а еве што не знаеме за неа

Кето диетата се етаблираше како еден од најуспешните планови за диети со пеколно ниската содржина на јаглени хидрати. Ќе ви помогне брзо да изгубите тежина, но ефектите врз телото го надминуваат слабеењето. Типична кето диета се состои од 80% маснотии, 15% протеини и само 5% јаглехидрати. Ако консумирате 2.000 калории на ден, тоа значи дека само 100 од нив доаѓаат од јаглехидрати – вклучувајќи овошје и зеленчук. Кога јадете на овој начин, тоа предизвикува кетоза, односно вашето тело ги потрошило сите јаглени хидрати и мора да започне да согорува маснотии за енергија. Сепак, еве ги несаканите ефекти од овој вид диети кои никој не ги спомнува.

Може да добиете кето грип
Кето-грипот е многу реална работа. Исклучувањето на јаглехидрати и одењето во состојба на кетоза може да доведе до куп непријатни симптоми како што се главоболки, замор, болки во мускулите и гадење. Штом вашето тело се прилагоди на новиот извор на гориво (обично во рок од една недела или две), ќе почнете да се чувствувате подобро.

Може да се чувствувате емоционално нестабилнo
Кога сте на диета со малку јаглени хидрати, не ја добивате потребната количина за производство на серотонин, хемикалија за мозокот што помага во регулирање на расположението, спиењето и апетитот.

Вашето однесување во исхраната се менува
Исклучувањето на јагленихидрати може да предизвика мозокот да ослободи хемикалија наречена невропептид-Y (NPY), која му кажува на телото дека ни требаат јаглехидрати. Кога не ја добиеме нашата „доза“ од нив, оваа хемикалија се акумулира и може да ја зголеми желбата, што може да го зголеми ризикот од развој на нарушување како што е прејадување. Ова нема никаква врска со недостаток на доволно сила или волја, туку со биолошкиот одговор на организмот на лишување.

Почетното слабеење може да се врати
Кето диетата е позната по брзото почетно слабеење. Тоа е затоа што јаглехидратите задржуваат повеќе вода отколку протеините или маснотиите. Значи, кога ќе престанете да ги јадете, целата дополнителна вода се ослободува од телото. Како резултат, стрелката на вагата може да изброи неколку килограми надолу по првата недела. Се разбира, со продолжување на режимот, ќе изгубите вистински килограми (маснотии).

Може да добиете дијареја
Кога јадеме храна богата со маснотии, нашиот црн дроб ослободува жолчка за да помогне во нејзино распаѓање. Следењето на диета со многу маснотии, како што е кето, значи дека црниот дроб треба да лачи дополнителна жолчка, што е природен лаксатив.

Имате кето здив
Кога вашето тело влегува во кетоза, тоа ќе започне да произведува нуспроизводи наречени кетони. Ова вклучува ацетон – да, истата хемикалија што се наоѓа во средството за отстранување лакови што вашето тело всушност природно го произведува самостојно. Еден од начините на ослободување на кетоните од телото е преку издишување.

Пронајдете не на следниве мрежи: