Б.Р.(63) од Скопје, вчера околу 13 часот управувајќи мопед „џонвеј“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Несреќата, информираат од МВР, се случила во скопско Визбегово.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатник – малолетник и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, посочуваат од полицијата.