Несреќа пред трговски центар „Дајмонд мол“

Во близина на „Дајмонд мол“ денеска беше прегазена млада девојка на пешачки премин. Од Министерството за внатрешни работи изјавија: „Имаме пријава за сообраќајна несреќа утрово, пешак е повреден. Возилото на Итната медицинска помош го пренесе лицето до Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“. Според очевидци, на пешачки премин се работи за млада девојка. Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.
The post Несреќа пред трговски центар „Дајмонд мол“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: