Нестабилно во регионот: 22 лица починати во БиХ, Бугарија бележи драстичен скок на новозаболени лица

Романија во еден ден повторно забележа повеќе од 1.000 нови случаи на коронавирус, додека во Босна и Херцеговина рекорден број на смртни случаи – 22 лица починаа во изминатите 24 часа, најцрниот биланс во таа земја од почетокот епидемија беше 19.

Хрватска

Во Хрватска се регистрирани 91 нови случаи, а 2 лица починаа. Според надлежните органи во Хрватска, во моментов има 618 активни случаи на коронавирус.

Босна и Херцеговина

Во последните 24 часа во БиХ, регистрирани се 208 нови случаи на новозаболени лица со коронавирус , а починале 22 пациенти.

Бугарија

Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 116 нови случаи на КОВИД-19, што е драстичен скок во однос на вчерашниот ден кога забележале 52 случаи. Уште 12 лица починале како последица на  коронавирусот.

Србија

Во Србија се регистрирани нови 235 случаи , од 8,086 направени тестирања.  Во последново деноноќие во Србија починале 6 лица.

Косово

Во последните 24 часа на Косово починале 13 лица од  КОВИД-19, а регистрирани се нови 171 случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.