недела, 15 ноември 2026
Најново

Нетанјаху: Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави ослободувањето на заложниците кои ги држеше палестинскиот Хамас во Појасот Газа и рече дека Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот.

Тој изјави дека тоа е постигнато пред се благодарение на „херојските борци“ на израелската армија, како и благодарение на „цврстиот и решителен став што го задржавме за време на преговорите“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој нагласи дека Израел нема да прифати никакво прекршување на договорот и се осврна на инцидентите што се случија при ослободувањето на израелските заложници, пишува „Џерусалим пост“.

„За време на ослободувањето на нашите заложници денеска бевме сведоци на шокантни настани. На посредниците јасно им ставивме до знаење дека нема да прифатиме никаков ризик за нашите заложници“, рече Нетанјаху.

Група израелски заложници, придружувани од Хамас и Исламски џихад, се појавија во Кан Јунис пред нивното ослободување, каде што беа набљудувани од илјадници луѓе собрани на планираното место за размена.

Хамас во текот на денот ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани, пренесува Танјуг.

Поврзани вести