Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на војната во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

„Разговорот се фокусираше на обидите да се ослободат заложниците од заробеништво и продолжувањето на борбите во Појасот Газа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Според соопштението, Рубио „ја изразил недвосмислената поддршка на САД за Израел и неговите политики“.

Пронајдете не на следниве мрежи: