Вечерва ѝ се обрати на нацијата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој изјави дека војниците кои се борат на терен се многу храбри и подготвени да се борат со сите сили против непријателот.
- НАТО денеска добива нов шеф
- Еве како Израелците го лоцирале шефот на Хезболах: При ракувањето бил обележан со тајна супстанца – Таа информација доведе до неговиот крај!
- Земјотрес ја стресе источна Македонија вчера вечер
- Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите денес?
- Метео: Сончево, но ладно со силен ветер!
- Се*с рулет! Нов ,,предизвик” кружи низ Европа: Малолетните девојчиња имаат односи со непознати лица – губи таа што ќе забремени (фото)
- Почнува нападот на Хезболах! Либанската армија ја напушта границата, Израел ги предупреди христијанските села да се евакуираат од можната линија на фронтот
- Човекот обвинет за обид за атентат врз Трамп се изјасни дека не е виновен
- НАТО испраќа дополнителни сили на Косово
- Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите
- Сакаат да се борат против непријателот кој ги напаѓа нашите деца, пријатели, родители. Ние ги охрабруваме, а тие во моментов се во Газа или околу Газа. Секогаш велевме дека никогаш повеќе нема да им дозволиме терор, а „никогаш повеќе не е сега“.
Се сретнав и со семејствата на заложниците, нивното киднапирање е злосторство против човештвото. Непријателот нема граници, тие направија воени злосторства, а луѓето ги користат како жив штит. Ако Израел не победи, некој друг ќе биде следен – рече Нетанјаху.
https://www.youtube.com/live/lIPkoDk6isc?si=xA5sLqf2zE769746
Тој додаде дека колку се посилни нападите врз Хамас, толку се поголеми шансите за решение и враќање на затворениците.
- Ова е војна за нашата татковина. Или ние или тие – рече министерот за одбрана.
Одговарајќи на прашања од медиумите, Нетанјаху изјави дека победата е најважна за Израел и дека во моментов има две клучни цели.
– Првата е да се елиминира Хамас, а втората да се вратат заложниците дома – рече премиерот.
Како што изјави министерот за одбрана Јоав Галан, израелската армија го напаѓа Хамас како никогаш досега.
- Имам целосна доверба во нашата армија. Верувам дека ќе победиме. Не сакаме да ја прошириме војната, но подготвени сме за секоја друга мисија. Вложуваме максимални напори за да ги вратиме заложниците во Израел. Подготвени сме да направиме се што е потребно за да ги вратиме. Ние сме целосно посветени на ова и знаеме со кого си имаме работа, а тоа се убијците и луѓето кои силувале жени и јавно објавувале видеа од злосторството – рече Галан.