Нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4,6 милијарди евра

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

Оттаму истакнуваат дека на 31.12.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 30% од БДП).

-Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7%. Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони евра и изнесува 8.767 милиони евра, што претставува 56,8% од БДП за 2024 година, стои во соопштението.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2024/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.4_2024.pdf

Пронајдете не на следниве мрежи: