Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека Австрија се залага за праведен и траен мир во Украина и е подготвена да биде домаќин на мировните преговори.„Ги земаме предвид изјавите на рускиот претседател за неговата отвореност за мировни преговори со Украина. Сите преговори мора да се одвиваат без предуслови. Австрија ќе биде подготвена да поддржи праведен и траен мир заснован на меѓународното право и да биде домаќин на преговорите како седиште на ОБСЕ“ – објави Нехамер на платформата Икс.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.