Нешто го погоди Јупитер! Аматерската снимка ја разбранува научната јавност! (ВИДЕО)

Пред неколку дена, аматерски астрономи снимија огромен блесок на Јупитер, кој настанал откако гасовитиот џин бил погоден од непознато небесно тело.

Нешто го погоди Јупитер! Аматерската снимка ја разбранува научната јавност! (ВИДЕО)

Ударот се случил на 29 август во 01:45 часот по полноќ. Сликите покажуваат краток блесок на површината на Јупитер кој најверојатно бил предизвикан од удар на комета или астероид.

Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас. Најзначајниот ваков настан се случил во 1994 година, кога кометата Shoemaker-Levy 9 удрила во планетарното тело, по што астрономите можеле да видат оштетувања во атмосферата со месеци, пишува Space.com, пренесува Јутарњи.

Научниците веруваат дека Јупитер игра голема улога во заштитата на внатрешниот Сончев Систем од астероиди и комети со привлекување и апсорпција на удари или исфрлање потенцијално опасни објекти понатаму во Сончевиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.