Нејзиниот сопруг спиел со околу 1.000 жени, а таа порачува: „Тоа е моја предност“

Секс колумнистка открила дека нејзиниот сопруг спиел со голем број жени, но објаснува и зошто смета дека тоа е добро за неа.
Секс колумнистката и фитнес тренер, Клои Медели, во брак е со поранешен рагби играч – Џејмс Хаскл. Таа вели дека Џејмс спиел со огромен број жени, но дека тоа нејзе воопшто не ѝ пречи – напротив.


„Џејмс имаше многу возбудлив живот пред да се запознаеме, но всушност тоа е добро за мене, што тој е толку многу искусен, така што немам никаков проблем со тоа. Никогаш не ми го открил тој магичен број, но сигурно е повеќе од тоа што се смета за просечно. Една „илјадарка“ можеби е премногу, но познавајќи го него сигурно се работи за неколку стотици жени“ – изјавила таа.
Клои вели дека на својот сопруг му кажала со колку мажи спиела таа, но дека тоа е скромна бројка затоа што таа отсекогаш била „девојка за врска“.
„Имав седум долги врски, додека пак Џејмс имал само две врски додека бил рагби играч“ – вели таа.
„Кај мажите е поразлично, колку повеќе секс, толку се попопуларни. Станува збор за двојни стандарди“ – заклучила таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.