Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, ја одбележа 2024 година со своите провокативни и често вулгарно стилизирани изданија, додека нејзините јавни настапи предизвикаа лавина коментари и дискусии ширум светот.Бјанка Ценсори, сопругата на познатиот рапер Канје Вест, оваа година стана синоним за провокација и контроверзии. Нејзините необични модни комбинации и честите јавни појавувања предизвикаа низа реакции ширум светот, од ентузијазам до остри критики.Сепак, она што најмногу привлече внимание во 2024 година беа нејзините провокативни и речиси вулгарни тоалети кои се граничат со голотија.Бјанка постојано се појавуваше на улиците и на настани облечена во проѕирни фустани кои не оставаа малку простор за имагинацијата. Особено одекна сцената од Италија кога во тесни проѕирни материјали ги шокираше минувачите, додека нејзините гради беа во преден план. Тој момент стана главна тема на социјалните мрежи и медиумите, но и тема на бројни дискусии за границите на пристојноста во јавниот простор.Освен по својот провокативен стил, Бјанка е позната и по поддршката на ексцентричните проекти и идеи на Канје. Тие двајца често привлекуваат внимание заедно, без разлика дали тоа е преку необични патувања или непредвидливи појави. И покрај шпекулациите кои кружеа за нивниот наводен развод, сепак, по извесно време тие повторно беа видени заедно. Бјанка Сенсори секако останува во центарот на вниманието, додека нејзините модни одлуки продолжуваат да предизвикуваат различни реакции – од оние кои ја сметаат за смела стилска икона до оние кои ја критикуваат за вулгарност. Едно е сигурно, 2025 година нема да помине без нејзиното име на врвот на насловите ширум светот.
Пронајдете не на следниве мрежи: