Жена од Манчестер во Велика Британија, која го добила името по нејзината бабица, вели дека секој ден се бори со дискриминација поради своето име.
Корона Њутн (49) вели дека била злоупотребувана поради името откако знаела за себе, дури и пред пандемијата на коронавирусот.
Корона вели дека никој не ја сфаќа сериозно кога се обидува да резервира маса во ресторан.
Таа доживува непријатности на секој чекор, кога ја носи својата ќерка на стоматолог или оди на родителски состанок, а наставниците сметаат дека нејзината ќерка е непристојна кога ќе каже дека мајка и се вика Корона.
Како што вели, нејзините родители ја именувале по бабицата која ја родила. Бидејќи не можеле да одлучат меѓу Сара и Каролина, се договориле за Корона.
Името Корона потекнува од латинскиот збор „круна“, што самиот по себе е позајмица од грчкиот збор „венец“.