Не ги исфрлајте јаглехидратите од диетата: Еве зошто треба да јадете тестенини и леб

Познатата американска нутриционистка Ријанон Ламберт открила дека исфрлањето на јаглехидратите од исхраната е многу погрешно.
Доколку сакате да ги изгубите килограмите, веројатно сте пробале да се држите до одредени групи намирници и во целост да ги исфрлите јаглехидратите кои се сметаат за најголеми виновници за дебелеењето. Но, колку има вистина во тоа?
Експертот за исхрана, авторка на книги и Инстаграм ѕвезда Ријанон Ламберт има добри вести за сите љубители на јаглехидратите.
Додека исфрлањето на јаглехидрати некогаш било претставено како решение за губење на тежината, Ријанон изјавила дека Аткинсовата диета и сличните диети ѝ помогнале да го “побие” митот дека јаглехидратите дебелеат.


“Овие диети забрануваат внес на леб, тестенини и компир, заменувајќи ги со намирници богати со протеини како месо, јајца и храна богата со масти. Токму поради тоа стана популарна заблудата дека сите јаглехидрати нè дебелеат. Ставот е дека треба да се елиминираат јаглехидратите во исхраната е едноставно погрешен”, истакнува таа.
Причината е едноставна – одредени јаглехидрати се од витално значење за нашата исхрана бидејќи тие обезбедуваат најголем извор на енергија. Многу јаглехидрати се разложуваат и се претвораат во глукоза која притоа телото ја користи како енергија за нашите мускули и мозок.
Исто така, јаглехидратите се претвораат и во масти кои телото подоцна ги користи како енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.