Не ги разгалувајте своите деца, не им правите услуга

Децата се најдрагоценото нешто во нашите животи. Тие не го знаат значењето на последиците, но многу добро знаат кога не добиваат нешто што сакаат. На сите нас ни е многу добро познато чувството на желба, но кога малку ќе пораснеме сфаќаме дека не можеме да го добиеме сето она што го посакуваме.
Децата всушност и треба да го знаат и научат тоа.
Со оглед на тоа дека во последно време често се дискутира за модерниот начин на живеење, многу родители се трудат на децата да им дадат се што ќе посакаат.


Порано, точно се знаеше што може и не може, но и тогаш децата беа бунтовни и немирни, имаа слаби резултати на училиште некогаш, се расправаа со родителите. Сепак, се знаеше кој го има главниот збор во семејството и колку е важна почитта кон повозрасните. Се знаеше дека нови патики има на почетокот на училишната година или на почетокот на пролетта и не тогаш кога детето ќе посака, туку кога родителите ќе имаат можност за тоа.
Денеска, е полабаво. Децата често го имаат главниот збор и постојано имаат различни барања кон своите родители, кои се трудат секогаш да им излезат во пресрет.
Проблемот е повеќеслоен и не се сосема виновни родителите, но тие сепак го имаат главниот збор кога станува збор за воспитувањето и развојот на децата. Треба да се обрне големо внимание детето да знае дека е дете и дека пред се треба да ги почитува своите родители, но и можностите кои тие ги имаат.
Таквото дете не само што ќе ги почитува своите родители, туку и наставници и врсници, и оние од околината.
Иако технологијата е насекаде присутна, родителите треба да знаат дека таа сепак има повеќеслојно негативно влијание врз децата. Децата никогаш не смеат да бидат зависни од неа. А, родителите не треба ни да помислат дека таа може да го замени воспитувањето.
Децата не се немирни, лоши и хиперактивни. Тие се онакви какви што ќе ги насочите да бидат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.