Голем број граѓани се собраа пред зградата на Управата за криминалистичка полиција во Белград, скандирајќи „не го даваме ректорот“.
Тие се собраа за поддршка на ректорот на Универзитетот во Белград, проф.д-р Владан Ѓокиќ, кој таму беше повикан на распит во предистражна постапка за кривичното дело Злоупотреба на службената положба.
Како што јави известувачот на Н1, присутни се и голем број колеги на ректорот.
Насобраните даваат поддршка со кревање врева, а како што минува митингот ги има се повеќе.