Медицинската сестра Ружица Матлиеска даде отказ од ЈЗУ Општа болница Струга – интерно одделение, и на својот профил на Фејсбук објави дека причината за тоа се „малтретирањето, навредите и заканите од менаџерката на болницата“.
„Почитувани пријатели. Со насмевка ја облеков оваа униформа за да му служам на народот, но денеска давам отказ од ЈЗУ Општа болница Струга – интерно одделение. Изјавите се подготвени за малтретирањето, навредите и заканите на јавни површини од менаџерката на болницата. Мојот образ е чист и на ниту една политичка партија гз под кирија не сум дала! На кој му гори под нозе нека оди по штабови и нека ви собира гласови! Мојата работна задача е пациентите да ја добијат најдобрата нега… Не дозволувајте никогаш некој да ви степна на честноста и професионалноста, само за лична корист“ – напиша Матлиеска.
Таа вели дека директорката „имала кодоши“ меѓу вработените и дека тие „ја кодошеле“ и јавно ги прашува „зарем не се срамат од таквиот избор? Според неа, тоа е една од причините што квалитетниот персонал ги напушта работните места.
„Сакам да им се заблагодарам на пациентите, како и на директорот Арменд кој беше горд на мене како човек, а потоа и како медицински работник. Голема благодарност до докторите на кои навистина им беше жал поради ова. Јас имав огромна поддршка да останам. Благодарност до сите други колеги, кои го почитуваа мојот труд. За сите други, кои облековте униформа мислејќи дека сте Бог, токму вашата менаџерка ве нарекува шпиони. Ве поздравувам господине, министре Фатмир Меџити, немој да се чудите зошто квалитетниот персонал ги напушта болниците“ – пишува сестрата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.