Не го освои маратонот, ама ги освои срцата на сите

Над 10.000 пријавени на денешниот 14-ти по ред Виз ер скопски маратон, но еден кој ги освои срцата на сите и за многумина е вистински победник на денешниот маратон.
На социјалните мрежи како вирус се шират фотографии од младо момче кое во рацете носи момче со Даунов синдром, а кое според пишувањата на корисниците на Фејсбук, паднало на 50-тина метри пред целта.
Токму тогаш херојот на денот, како што многумина го нарекоа, го кренал во своите раце и заедно поминале низ целта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.