Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не

Дали некогаш сте ја чуле изреката дека не сите луѓе се добри за брак и сте помислиле дека тоа не е вистина, бидејќи порано или подоцна, сите го наоѓаат својот идеален пар? Имено, едно истражување објавено во списанието „Social Science Research“ покажало дека веројатноста да стапите во брак зависи исклучиво од 3 фактори: физичка привлечност, карактерна привлечност и грижа за врската.
Резултатот добиен од истражувањето што се темели на овие 3 карактеристики покажува дали ќе ви биде поставено прашањето на кое одговорот е „да“. Студијата била спроведена на неверојатни 9.000 испитаници, а научниците ги оценувале со оценки од 1 до 5. Колку повисока била оценката на тестирањето, толку поголеми биле шансите таа личност да стапи во брак.


Иако сите 3 карактеристики се клучни за развивање ваков однос, сепак истражувањето покажало дека тие можат меѓусебно да се надополнуваат. На пример, физичкиот изглед може да се замени со висок степен на интелигенција и духовитост.
Истражувањата се одлични начини да се турнеме себеси во вистинската насока, но на крајот од краиштата, важно е тоа што вие го мислите. Па, ако сметате дека сакате да бидете во брак, не дозволувајте никому да ве спречи да го направите тоа. Од друга страна пак, ако не сакате да бидете во брачна врска, тогаш едноставно не правете го тоа. Секогаш одбирајте го она што вам најмногу ви се допаѓа и живејте го животот на ваш начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.