Не е Валентајн: Најпопуларниот датум за запросување сериозно се приближува

Иако Валентајн е празникот на љубовта, најмногу парови се верат на еден друг празник, кој сите нетрпеливо го очекуваме.
Сигурно веќе погодивте дека станува збор за Божиќ, барем ако судиме според анализите на популарната веб страница за планирање венчавки, „Bridebook“.
Според нивните статистики, најмногу запросувања има за време на празниците, а бројот на запросувања во декември, е за 40% поголем во однос на остатокот од годината. Во тој период, најпопуларни датуми за запросување се Божиќ, потоа Бадник и Нова година.


„Оваа година Божиќ е точно после викенд, па ќе може да споиме слободни денови и да се дружиме повеќе со саканите“, истакнал основачот на страницата, Хамиш Шефард, за Харперс Базар, кој поради тоа верува дека и овој Божиќ нема да биде нешто поразличен од останатите, кога е запросувањето во прашање.
„Наредните неколку недели, очекувајте дека Инстаграмот ќе ви биде преполн со фотографии од прстени, сокриени во календари или под новогодишните елки, со хаштаг #proposalseason (сезона на запросување)“, предвидува Шефард.
Затоа, ако се сомневате дека и вашиот сакан наскоро може да клекне пред вас, можеби сте во право, само се надеваме дека со ова не ви го расипавме изненадувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.