НЕ Е ВЕЌЕ ВО НОВИ САД! Анастасија ПОВТОРНО ЖИВЕЕ кај ЦЕЦА!

Анастасија Ражнатовиќ се врати од Нови Сад и веќе две недели престојува во семејната вила на Дедиње.
Еве и зашто
Иако со момчето Џорџе Куљиќ купи стан на Дорчол, сеуште не се всели во него, а поради обврските околу снимањето на новиот спот и песната „Готово“ која наскоро треба да ја здогледа светлоста на денот, полесно ѝ е да биде кај мама.


„Џорџе и Анастасија функционираат одлично, секој има свои обврски и никој никого не попречува во работата. Анастасија долго одмараше, ги наполни батериите и сега работи со полна пареа. Во Белград снимаше спот, па поради деловни обврски, разни градски случувања, фризери, шминкери, стилисти, дојде во својот роден дом на некое време за да одмори. Секако не е прв пат таа и Џорџе да се разделат поради работата, а песната „Готово“ нема да биде единствениот хит кој таа ќе го извади во скоро време.“ – вели извор близок на пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.