„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од многуте хитови на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена некогаш, Раде Врчаковски – Врчак.
Оние што се сеќаваат, знаат дека Врчак уживаше во огромна популаларност и буквално живееше како светските славни личности. Беше миленик на женската популација, секогаш возеше брзи и скапи автомобили и честопати неговото име се провлекуваше низ таблоидите и весниците.
Но, по се изгледа раперот се засити од ваквиот начин на живот и поради тоа реши да се тргне што е можно подалеку од очите на јавноста. Она што се знае за него, е тоа дека тој и понатаму компонира музика за себе, но и за странски изведувачи. Врчак за кратко време најавува нешто ново и нешто големо за неговото враќање на сцената.
Денеска тој на својот Фејсбук профил објави видео од себе на кое никој не остана рамнодушен, особено генерацијата која порасна со неговиот стил и песни… Во глобала фановите се згрозени од гестикулациите и стилот кој го прикажува на видеото.
Како и да е раперот има многу искуство и знае да плива во овие води, веројатно е дека многу добро знае што прави и што сака да предизвика кај публиката.
Пронајдете не на следниве мрежи: