Кога во 1879 година се појавиле првите Levi’s, имале четири џебови: еден одзади и три напред, два големи и еден мал, на десната страна. Тој мал џеб отсекогаш бил мистерија и многумина со години се прашуваат за што всушност служи.
За парички? Можеби би можеле да напикате и стуткате неколку банкноти, но ни тоа не е вистинската цел на овој џеб.
Фармерките пред сè биле наменети за каубојци, а им било потребно место на панталони за да држат џебен часовник. И тоа е решението на мистеријата, а одговорот на прашањето за што служи малиот џеб на фармерките…