„Не е поентата да се биде прв“: Американскиот министер за вакцина на Путин против коронавирусот

Реагирајќи на објавата на Русија дека ја одобри првата вакцина за коронавирусот во светот, американскиот министер за здравство, Алекс Азар, изјави денеска дека не е поентата да се биде прв.

Во програмата „Добро утро Америка“, Азар рече дека поентата е вакцината да биде безбедна и ефикасна за американскиот народ и луѓето ширум светот. Азар вели дека се потребни транспарентни податоци и дека овие податоци мора да бидат од третата фаза на тестирање, што покажува дека вакцината е безбедна и ефикасна, објави Си-Ен-Ен.

Според него, се развиваат шест вакцини од кои две се во третата фаза на клиничките испитувања за да ја докажат нивната безбедност и ефикасност.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: