Не е “Слатка крв” причината.. Еве зошто баш вас ве касаат комарците

Почна “сезоната на комарци”, заради високите температури сите ги отвараме прозорците и вратите, а кој нема заштитна мрежа, тешко нему…
Ако сте приметиле дека ови “крвопијачи” се вртат баш околу вас, а во детството ви кажувале дека тоа е така затоа што иматe “слатка крв”, ќе мораме да ве разочараме. Не ве сакаат вас затоа што сте “слатки”, нешто друго е во прашање…
Биологот Барт Кнолс објасни зошто сте баш вие мета на комарци.
По него, комарците се привлекуваат од човечкиот здив, Јаглено хидратите кои ги издишуваме, се во комбинација со различни хемикалии, и создаваат мирис кои комарците можат да го осетат и на 30 метри раздалеченост. Биологот тврди дека секоја личност испушта повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, од кои 100 се наоѓаат во здивот.


Женските комарци ги уклучуваат сите свои сетила за да одлучат дали некого ќе убодат или ќе го заобиколат.
Уште еден важен фактор на чија основа комарците одлучуваат дали ќе цицаат нечија крв е мирисот на кожата.
Така на пример, жолтите и тигрести комарци привлекуваат млечна киселина, додека обичниот комарец е наклонет кон мрсната киселина.
Постои верување дека луѓето кои јадат лук и конзумираат витамин Б, ги “одбиваат” комарците, но Кнолс тврди дека сеуште не постојат доволно докази за тоа.
А какви “хемикалии” ке испуштиме, зависи од тоа што јадеме, но зависи и од тоа каква ни е хигиенската навика.
Јапонски научници од друга страна пак веруваат дека крвната група е пресудна за комарци. Па така, луѓето со 0 крвна група се посклони на убоди од комарци од крвните групи Б или АБ. А најмала веројатност за убоди од комарци имале луѓето со крвна група А, истакнуваат јапонските научници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.