Како што пренесува „Дејли мејл“, станува збор за уметникот Џек Грир, самопрогласен сликар кој своите дела ги споделува на Инстаграм и на социјалните мрежи. Веста дека супер моделот заплива во нова романса изненади многумина, бидејќи Емили Ратајковски пред само еден месец ја поврзуваа со американскиот комичар Пит Дејвидсон.
Во понатамошното известување на споменатиот таблоид, се наведува дека потенцијалниот пар неодамна бил фотографиран на сосема обична прошетка, каде што размениле и моменти на нежности, односно слатки бакнежи.
Да потсетиме, манекенката пред само еден месец објави видео на TikTok во кое јавно и отворено зборува за своите преференции кога се партнерите во прашање. Таа откри и дека ја привлекуваат и мажи и жени.
“Ќе бидам со повеќе мажи, но и со жени. Сите се згодни и интересни”, изјави таа.