Не забележала дека синот и е на автомобилот (ВИДЕО)

Жена во Австралија цели 18 минути го возела својот автомобил со брзина од околу 50 километри на час на чиј покрив се наоѓал нејзиниот полугол син. Ерика Шадфорт тврди дека не знаела, иако останатите
учесници во сообраќајот цело време се обидувале да и сигнализираат дека на покривот на нејзиниот автомобил има дете. Очевидците, пак, изјавуваат дека четиригодишното дете за малку ќе паднело од автомобилот во движење.
“Совесната“ мајка во еден момент запрела и го внела детето во автомобилот во кој се наоѓале уште две нејзини деца.
Како што пренесува “Мирор“ Ерика се појавила на суд во Перт, Австралија и изјавила дека не била свесна дека детето било качено на покривот на автомобилот.
Нејзиниот адвокат ја бранел дека таа подолго време е под стрес и дека води грижа за шест деца, на возраст од пет месеци до девет години. За ваквиот прекршок на Ерика и е одземена возачката дозвола за период од три месеци и ќе мора да плати парична казна од 1.200 австралиски долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK