Не знаете зошто ви се кршат ноктите? Можеби ги правите овие работи..

Ако имате проблем со слаби и тенки нокти, кои постојано ви се кршат или ви се лупат сигурно се прашувате која е причината за тоа.
Кршливите нокти можат да бидат многу иритирани, но и болни, па затоа ви нудиме неколку совети од дерматологот Дебра Јалиман. Таа објаснува зошто доаѓа до овој проблем и како може да го решите.
„Ноктите се состојат од неколку слоеви, а плочката на ноктот се состои од кератин, кој всушност е протеин. Кога имате недостаток на протеин, доаѓа до кршење“, рекла докторката Јалиман, и потенцирала дека лупењето на ноктите може да биде знак и за сериозни болести.
Сепак, додава дека најчесто станува збор за овие причини:
1. Ви недостасува железо
Најчеста причина за тенки нокти е недостаток на железо во крвта. Затоа, време е да почнете да консумирате храна која содржи железо.


2. Ноктите ги употребувате како помагала
Ако сакате со ноктите да вадите етикети од разни производи или со нив ги вадите картиците и парите од паричникот, сетете се дека токму поради тоа може да ги оштетите.

Hands on towel

3. Носите вештачки или гел нокти
Доколку на своите нокти носите вештачки или ставите гел за нокти, кога ќе ги извадите, вашите нокти ќе бидат премногу тенки и ќе бидат изложени на кршење и лупење. Докторката ве советува најпрво да престанете да ставате вештачки нокти, но доколку не можете без нив, откако ќе ги извадите, вашите нокти заштитете ги со дебел слој лак.
4. Не носите ракавици додека ги миете садовите
Докторката советува да користите ракавици, дури и кога многу малку време вашите раце се под вода, односно и тогаш кога ги миете садовите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.