Не излегувајте без чадор – претпладне сончево, попладне нестабилно

Во Македонија претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа се очекува врнежите да бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Според УХМР утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ-индексот ќе биде 7.
И во Скопје и околината, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достогне до 14, а дневната до 29 степени.
Утре, особено претпладне, ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи. И во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.