Не излегувајте од дома, не паркирајте возила под дрвја – Град Скопје со препораки

Вечерва низ Скопје се очекува засилен ветер, дожд, а во раните утрински часови можна е појава и на снег – објави Град Скопје на својата фејсбук страница.
Понатаму додаваат:
Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата.
Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.