Не користат завеси, се работи 7 часа, во јули сите на одмор – Најчудните факти за Норвешка

Вероника е жена од Латвија која веќе 7 години живее во Норвешка.
Според неа, во овој период се промениле многу аспекти од нејзиниот живот – од облеката, па сè до новогодишните прослави.
Бидејќи и после речиси цела деценија во Норвешка таа сè уште се изненадува од културата на Норвежаните, решила да сподели кои се најчудните, но и најинтересните работи што ги забележала.
Норвежаните ја сакат природата


Во Норвешка постои закон според кој сите граѓани имаат слободен пристап од природата. Односно, во Норвешка слободно можете да си поставите шатор настрана од зоните за кампување и можете да пешачите, возите велосипед и пливате каде што сакате.
Норвежаните толку ја сакаат природата, што имаат и збор за тоа – friluftsliv, односно „живот на отворено“.
Истовремено, тие се и внимателни и никој не фрла отпад и не лови заштитени животни.
Речиси и да не се користат завеси


Норвежаните сакаат да истакнуваат дека немаат што да кријат. Ова најмногу се гледа по одлуката да не ставаат завеси на прозорците.
Навондно, ако прошетате навечер, лесно можете да видите што се случува во туѓите домови, а тие така уживаат во погледот.
Растенија на покривите од куќите


Овој „тренд“ изгледа прекрасно и природно и одлично се совпаѓа со норвешкото опкружување.
Наводно, трендот се појавил во раниот 19-ти век. Покривањето на покривите со растенија најчесто е за задржување на топлината во домот во зима, но и ладење на куќата во лето.
Истовремено, растенијата нудат и звучна изолација, а овие зелени покриви ја преживуваат речиси секоја бура.
Покривите се направени од неколку слоја кора од дрво, сало од овци, тресет, трски и мов. Покривите тежат многу, особено после дождови. Интересно е што постојано мора да се влажни, па се одличен дизајн за врнежливата Норвешка.
Во јули сите Норвежани се на одмор


Во јули, дури 90% од Норвежаните го користат годишниот одмор. Всушност, ова им стои и во договорот за работа – од 5 недели одмор, 3 мора да бидат во јули.
Овој период градинките и училиштата се затворени, а улиците потполно празни.
Најчесто Норвежаните летуваат во јужна Европа или во нивните селски викендички.
Овде ќе имате чувство како да се работи многу малку
Вероника вели дека кога пристигнала во Норвешка, не ѝ било јасно зошто работат толку малку.
Градинките затворале после 16:30, но сите деца биле заминати до 16 часот. Во 15:30 бил најголемиот метеж, а веќе во 17:00 улиците биле празни.
Па, како изгледа работниот ден во Норвешка?
– Работниот ден трае 7,5 часа, но во реалноста повеќето работници работат 6-7 часа дневно.
– Речиси сите почнуваат со работа во 7 или 8 часот.


– Паузата за ручек е 30 минути, но секој час, Норвежаните можат да направат пауза за кафе.
– Доколку не се чувствувате добро и треба да одите на лекар, можете да земете 3 слободни платени денови. Во текот на годината, секој може да искористи 12 вакви денови. Повеќето Норвежани ги спојуваат со одморот.
Децата сакаат да спијат на отворено, без разлика какво е времето
Во норвешките градинки, децата се оставаат да спијат надвор во количка, без разлика дали е ветровито, врнежливо или -10 степени.
Воспитувачките ги ставаат децата во количка после ручек и ги оставаат надвор да спијат.
Наводно, од ова има многу придобивки:
– Децата кои дишат свеж воздух имаат помал ризик од болести.
– Децата спијат подобро на свеж воздух.
– Имунитетот се зајакнува.


Норвешки училишта
Во Норвешка, децата учат преку игра, особено во првите одделенија.
На пример, на часот по математика децата си играат „продавница“ и пресметуваат сметки. На англиски се облекуваат како разни ликови и глумат сцени на англиски јазик.
Ако детето живее далеку од училиштето, ќе му биде организиран превоз со такси или автобус.
Барем еднаш неделно, децата одат на прошетка во планините или во шумата. Овие патувања траат неколку часа, а неретко и цел ден.
Најверојатно најголем проблем кај норвешките училишта е недостатокот од храна, па децата мораат да си носат од дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.