Вредноста на витаминот Ц како исклучително корисно средство во превенцијата и лечењето на многу болести е одамна позната.
Тој е најмоќниот антиоксиданс помеѓу витамините кои се растворливи во вода, а освен што ја зајакнува отпорноста на организмот кон вирусните и бактериските инфекции, тој делува и против алергиите, болестите на дишните патишта и низа други заболувања.
Витаминот Ц игра значајна улога и во создавање на колаген, за регенерација на ткивата, крвните садови, коските, забите и за здрав и младешки изглед. Наместо да користите суплементи кои можете да ги купите и во аптека, можете сами да си направите витамин Ц и тоа на потполно природен начин.
Домашен витамин Ц – рецепт
За овој рецепт ви се потребни разни цитруси: лимон, портокал, лимета, мандарина итн.
Најдобро е да купите органски или домашни плодови кои не се прскани бидејќи за овој рецепт ви треба нивната кора. Откако ќе ги изедете или исцедите цитрусите, измијте и исецкајте ја нивната кора, ставете ја на чиста ткаенина или чинија и оставете ја неколку дена на собна температура да стане сува и крцкава.
Потоа, сувата кора ставете ја во блендер и измиксајте ја се’ додека не стане прав. Ваквиот прав ставете го во сад кој не пропушта воздух и држете го на суво и студено место.
Употреба:
Кората од цитрусите содржи висока доза на витамин Ц – на 100 грама содржи околу 130 милиграми витамин Ц. Со тоа, кората е преполна со ензими и фитонутриенти. Земете барем една лажичка дневно како додаток во многу јадења како супи, чаеви, салати, сокови, десерти…
Една лажичка ќе го снабди вашето тело со комплекс од витамин Ц, вклучувајќи и нарингин, рутин, хесперидин и останати биофлавоноиди во количината која му е потребна на организмот на дневно ниво.