Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, но уште од пред почетокот на турнирот се мачи со повреда.
Некои веруваат и гласно зборуваат дека Новак Ѓоковиќ лаже, глуми повреда, доколку не беше така ќе се откажеше.
Но, неговиот поранешен тренер, Борис Бекер застана во одбрана на Србинот, вели дека Новак не е таков, тој навистина се мачи со повреда.
„Долго време го познавам Новак Ѓоковиќ и знам дека тој навистина има проблеми со повреда. Не верувам дека би се однесувал така доколку се е во ред“, изјави Бекер за „Еуроспорт“.