Не можете да оставите храна во кујната затоа што постојано ја напаѓаат мравки?

Заедно со убавото и топло време, доаѓаат и оние не толку обожувани инсекти како комарците и мравките, кои ни го нарушуваат мирот и уживањето во сончевите летни денови. Доколку оставите храна во Вашата кујна, после неколку часа истата е окупирана од овие мали црни инсекти? Не грижете се, ние имаме решение за Вас.
Доколку и денес Вашиот дом е окупиран со овие црни инсекти, така наречени мравки, треба да знаете дека со применување на соовдетни методи и употреба на соодветни супстанци, тие веднаш ќе си заминат и никогаш повеќе нема да се сетат да навратат во Вашиот дом.
Сигурно знаете дека доколку нема храна, нема да има ниту мравки. Сепак, Вие сигурно не можете постојано да трошите енергија размислувајќи каде да ја сокриете храната за тие да не ја пронајдат, зарем не?
Еве кои намирници од Вашата кујна можат да ви бидат одличен сојузник во борбата со мравките.


Сол
Ако ставите сол на патот на мравките, тие многу брзо ќе го почувствуваат вкусот н солта, која што е фатална за нивниот дигестивен тракт.
Сода бикарбона и шеќер во прав
Измешајте сода бикарбона и шеќер во прав во еднакви размери и истата смеса расипете ја на местата кадешто има мравки, а тие веднаш ќе исчезнат. Доколку подготвите смеса од оцет и вода во размери 2:1, ќе го добиете истиот ефект.
Лимон
Исцедете еден лимон, а потоа сокот испрскајте го на местата кадешто има мравки. Тие веднаш ќе исчезнат затоа што не можат да ја поднесат лимонската киселина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.