Куполата на џамијата „Нурјагди“, изградена пред 19 години во областа Пурсаклар во Анкара, исто толку време е дом на штрковите коишто внимателно си го чуваат, заедно со одговорните лица за оваа џамија, објави агенцијата Анадолија.
Претседателот на здружението на џамијата „Нурјагди“ за одржување курсеви по Куранот, Али Кемал Бал изјави дека земјиштето на џамијата, чијшто сопственик бил неговиот татко Мустафа Бал, во 1996 година било подарено на Претседателството за верски прашања на Турција. Тој истакна дека непосредно по отворањето на џамијата 2000 година, штрковите веднаш почнале да прават гнездо во куполата на џамијата.
-Секоја година доаѓаат и тука снесуваат јајца, па имаат и мали штркови. Некои жители од соседството не го поднесуваат изметот. Затоа велат да го пренесеме гнездото на друго место. Но, татко ми тоа не го дозволи. Рече „нека остане гнездото“. И така, остана. И по изградбата на нашите минариња и поставувањето на разгласот, штрковите останаа во своите гнезда. Тоа не им пречеше. Но, секако, птиците се вознемируваат од звуци. Гнездото се наоѓа помеѓу двете минариња, раскажува Бал.
Гнездото е своевидна туристичка атракција. Веќе е симбол на џамијата, оти, како што тој додава, 19 години се наоѓа на исто место, и птиците не го менуваат.